Палестинската милитантна група Хамас ги негираше тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се откажува од договорот за прекин на огнот објавен од посредниците, нагласувајќи ја својата посветеност на договорот.
Хамас: Ние сме посветени на договорот за прекин на огнот
„Хамас е посветен на договорот за прекин на огнот објавен од посредниците“, изјави лидерот на групата, Изат ал Ришк.
Кабинетот на Нетанјаху рано утринава соопшти дека владата нема да се состане за да го ратификува договорот за прекин на огнот додека Хамас не го одобри договорот што го објавија посредниците.
Тие порачаа и дека Хамас сака да го искористи последниот момент за да ги извлече работите од договорот во своја полза.
Денеска требаше да се состане израелскиот безбедносен кабинет за да го ратификува договорот.
Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман доцна во средата објави дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека неговото спроведување ќе започне во недела.