Претепан поранешен грузиски премиер: Доживеал потрес на мозокот и скршен нос

Сподели со своите пријатели

Во Батуми, град на брегот на Грузија, поранешниот премиер и лидер на опозициската партија „За Грузија“, Ѓорѓи Гахарија, беше брутално претепан, претрпувајќи потрес на мозокот и скршеница на носот.

Loading...

За нападот се осомничени пратеници од владејачката партија Грузиски сон.

Според извештајот на Грузија Тудеј, инцидентот се случил во фоајето на хотелот Шератон.

Според грузиските медиуми, очевидци тврдат дека во нападот учествувале пратеник од партијата Грузиски сон Дмитриј Самкарадзе, член на Врховниот совет на Аџара од истата партија, Ѓорѓи Манвелидзе и уште неколку лица.

Полицијата соопшти дека покренала истрага според членот од Кривичниот законик за телесни повреди, но не ги коментираше тврдењата за вмешаност на пратеникот во инцидентот.

Медиумите наведуваат дека полициска патрола пристигнала на местото само 40 минути по инцидентот, многу подоцна од брзата помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците заплениле 15 килограми кокаин на аеродромот во Токио. Рекорд за Јапонија!

Во тој момент, персоналот на хотелот веќе почнал да го чисти местото на нападот, додека од клиниката во која е префрлен Гахарија било пријавено дека поранешниот премиер одбил хоспитализација и ја напуштил болницата откако му била укажана прва помош.

„Според достапните информации тој бил изложен на физичко насилство. Извршени се клинички, лабораториски и инструментални испитувања. Пациентот е свесен и стабилен. Најсериозните повреди вклучуваат фрактура на носна коска и потрес на мозокот. Пациентот ја напушти клиниката на сопствен ризик“, изјави д-р Тако Шантадзе.

Loading...

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор на небото: Патник почина на лет од Париз

Помош побарал и познат грузиски новинар

Покрај Гакари, лекарска помош побарал и познатиот грузиски новинар Звиад Коридзе.

Инцидентот со него се случил пред нападот на Гакарија, додека со сопругата седел во фоајето на хотелот.

Според неговите зборови, им пришле Дмитриј Самкарадзе и жената која го придружувала.

Почнаle да го навредуваат него, но и опозициската партија Обединето национално движење.

„Самхарадзе почна да ме пцуе, да ме навредува и да превртува маси. Кога ги видов сите на нивната маса како стануваат и се движат кон мене, отидов кон фоајето и побарав помош од обезбедувањето. Интервенираше обезбедувањето, а во тој момент еден од напаѓачите ме удри со предмет“, рекол Коридзе, пренесува Index.hr.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска: Странски земји ги користат социјалните мрежи за да регрутираат банди

 

 

Одговорија од партијата

Партијата „За Грузија“ објави соопштение во врска со нападот врз нејзиниот лидер и повика на итна и темелна истрага.

„Партијата „За Грузија“ бара итна и темелна истрага за овој насилен напад оркестриран од режимот на Иванишвили и повикува на целосна одговорност за сите инволвирани. Овој политички мотивиран напад е јасен обид да се заплаши опозицијата и да се задуши несогласувањето. Таквите акции никогаш нема да ги замолчат гласовите кои се борат за демократската и европската иднина на Грузија“, се вели во соопштението.