Русија: Нападната украинската гасна инфраструктура, погодени сите цели

Сподели со своите пријатели

Руската војска денеска нападна витални украински објекти за гас, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Како што е наведено, утринава е извршен групен удар со прецизно оружје и беспилотни летала врз значајни гасоводни и енергетски инфраструктурни објекти кои обезбедуваат работа на воено-индустрискиот комплекс на Украина, пренесува РИА Новости.

Според руското министерство, сите наменети цели биле погодени, а во исто време авијацијата, беспилотните летала, ракетните сили и артилерија и нанеле загуби на инфраструктурата на украинските воени аеродроми, персонал и опрема во 137 области.

Утринава ширум Украина беше издадено предупредување за воздушен напад, при што експлозии се случија во регионите Хмелницки, Ивано-Франковск, Дњепропетровск, Киев и Виница, како и во Харков и Черкаси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерот на Финска: Крај на европскиот одмор од историјата, мора да ја зајакнеме одбраната

Локалните власти пријавија штета на инфраструктурата, а Украина воведе вонредни прекини на електричната енергија во шест региони поради она што властите го опишаа како „масовен“ ракетен напад од Русија, соопшти националниот оператор на електричната мрежа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија лансирала повеќе од 40 проектили и балистички ракети за време на ракетниот напад врз Украина.

Украинските одбранбени системи уништија најмалку 30 од тие проектили, додека во текот на ноќта беа лансирани и беспилотни летала, објави Укринформ.

Зеленски на Телеграм објави дека цел на нападите биле енергетските објекти, вклучително и гасната инфраструктура, кои го обезбедуваат секојдневниот живот на луѓето во Украина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски потпиша закон за регистрација на мажи кои ќе наполнат 17 години во нацрт-регистарот

Тој нагласи дека за време на нападот имало повеќе од 70 руски нападни беспилотни летала.