Денес во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта.
До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м 2 ).
Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.