Северноатлантската алијанса веќе ја загуби војната против Русија во Украина, изјави пратеникот на украинската Рада Александар Дубински, кој беше уапсен и во моментов се наоѓа во украинскиот истражен центар поради предавство.
Loading...
„НАТО ја загуби војната против Русија. Ова се случи уште во 2023 година, откако пропадна украинската контраофанзива поттикната од Алијансата“, истакна тој.
Дубински рече и дека на НАТО му преостануваат само две опции – или да иницира директен конфликт против Русија или да ја отпише Украина, пренесува Спутник.
„Директен конфликт против Русија не е можен без учество на Америка. Но, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веројатно нема да тргне по тој пат“, додаде Дубински.