Во романскиот град Дебрецен организирано е првото национално натпреварување во ископување гробови. Учествувале 18 тимови кои биле составени од по двајца гробари.
Судиите ја оценувале брзината и стилот на копањето, а кулминацијата на натпреварот е најбрзото ископување на гробовите кое трае нешто подолго од половина час.
Сите натпреварувачи од алат имале лопати, вили и секири за да ископаат гробови со пропишана димензија: 0,8 метри широчина, 2 метри должина и длабочина од 1,6 метри.
Не се подготвуваме посебно за оваа натпреварување затоа што ова го правиме секој ден. Ова е добра земја, многу мека и влажна, таман како што треба да биде за натрепварувањето – рекол еден од учесниците.
Секој од тимовите имал своја техника. некои повеќе сакале заедно да копаат, додека другите се организирале еден да копа, а другиот да ја распоредува земјата околу гробницата.
Не мислам дека е ова морбидно. ова е професија и колегите кои денес ми беа ривали се горди и заслужуваат наше почитување – вели заменик претседателот на Здружението на романски гробари, Золтан Јурасик.
Според зборовите на Ласле Тота, член на еден од тимовите, најтешкиот дел од работата е контактот со ожалостените.
Победниците ги очекува регионално натпреварување кое ќе се одржи во Словачка.
Организаторите велат дека со оваа натпреварување сакаат да го подобрат угледот на гробарите и да привлечат млади луѓе кои би сакале да се занимаваат со оваа работа покрај механичките копачи, кои обавуваат добар дел од работата, постои и она што мора рачно да се сработи.
Меѓутоа, работата на гробарите ја нарушува и кремацијата за која луѓето се почесто се одлучуваат.
Loading...