Песков: Контактите Путин-Трамп ќе започнат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави денеска дека активностите за организирање контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе започнат кога Трамп официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД.

Loading...

Песков за новинарите изјави дека Москва ја поздравува желбата на Трамп да се вклучи во дијалог со рускиот претседател, но дека се уште нема конкретни планови за средба.

„Тргнуваме од взаемна подготвеност за средбата, но очигледно, откако господинот Трамп ќе влезе во Овалната соба, веќе ќе има одреден напредок“, изјави секретарот за печат на рускиот лидер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Технолошките компании во трката за поддршка на Трамп, секоја со гест од шест нули

Според него, не се потребни предуслови за преговори, потребно е лидерите да имаат заедничка желба за дијалог.

„За ова не се потребни никакви услови, потребна е заедничка желба и политичка волја да се води дијалог и да се решат постоечките проблеми преку дијалог“, рече Песков за новинарите.

Тој укажа на отвореноста на рускиот претседател за контакти со меѓународните лидери, вклучувајќи го и Трамп.

Трамп денеска изјави дека Путин сака да се сретне со него и дека договараат средба, но не прецизираше временска рамка кога таа ќе се одржи.