Американската технолошка компанија Гугл објави дека донирала 1 милион долари на инаугуративниот фонд на Доналд Трамп.
„Гугл со задоволство ја поддржува инаугурацијата во 2025 година со пренос во живо на YouTube и директен линк на нашата почетна страница. Донираме и на инаугурацискиот комитет“, изјави за CNBC шефот за владини работи и јавна политика на Google, Каран Бхатиа.
Така Google им се приклучи на технолошките компании OpenAI и Meta, кои на крајот на минатата година објавија дека ќе донираат по 1 милион долари на инаугуративниот фонд, а Apple и Amazon наводно, веќе ги дале своите придонеси.
Во Соединетите Американски Држави, победникот на претседателските избори назначува инаугуративен комитет кој ќе организира и финансира настани како што се инаугуративните церемонии и паради.
За разлика од директното придонесување во кампањата на кандидатот, нема ограничувања за тоа колку поединец или корпорација може да придонесе во инаугуративната комисија.
Трамп со години има тежок однос со големите технолошки компании и не бегаше од критиките на овој сектор по изборите.
Кон крајот на минатата година, тој сигнализираше дека нема да ја отфрли антимонополската примена, особено болна точка за Google.
Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи и поранешниот претседател на Alphabet, Сергеј Брин, се сретнаа со Трамп по изборите во ноември, а Пичаи јавно му честиташе на новоизбраниот претседател за неговата „убедлива победа“ во објава на социјалните мрежи.