Боинг донира 1 милион долари за инаугурацијата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Американскиот производител на авиони Боинг донира 1 милион долари за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на компанијата.

Loading...

Така, Боинг им се придружува на многу големи американски компании, вклучувајќи ги Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт и Мета, во донирањето на инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, објави Ројтерс.

Американ ерлајнс во четвртокот потврди дека донира и 1 милион долари.

Американската технолошка компанија Гугл исто така објави дека донирала 1 милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп.

Боинг претходно донираше по еден милион долари за секоја од последните три претседателски инаугурации, вклучувајќи ја и првата инаугурација на Трамп во 2017 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доналд Трамп за катастрофата во Лос Анџелес го обвини гувернерот на Калифорнија