Гори фабрика за ацетон во Русија: Пожар зафатил 1.600 метри квадратни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна рано утринава во фабрика за производство на ацетон во рускиот регион Ленинград.

Loading...

Ројтерс јавува дека руските новински агенции јавуваат дека противпожарните служби се испратени на местото на пожарот.

Тие се обидуваат да го локализираат пламенот.

 

 

Британската агенција наведува дека засега нема објаснување што го предизвикало пожарот во индустриската фабрика во градот Гатчина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Контактите Путин-Трамп ќе започнат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Се наведува дека руското Министерство за одбрана синоќа не пријавило никакви украински беспилотни летала во областа, која се наоѓа веднаш до Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Во објавата на Киев на социјалната мрежа Х се наведува дека пожарот се проширил на 1.600 метри квадратни и дека се уште се слушаат експлозии.

Во други објави на социјалната мрежа, корисниците објавија снимка од пожарот, а некои тврдат дека украински беспилотни летала погодиле фабрика за ацетон.