Австрија назначи привремен канцелар

Сподели со своите пријатели

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ќе биде привремен канцелар на земјата додека екстремно десничарската Партија на слободата се обидува да формира нова коалициска влада, соопшти денеска кабинетот на претседателот.

Loading...

Премиер по втор пат

Шаленберг ќе ја преземе функцијата од канцеларот во заминување Карл Нехамер, кој најави оставка во текот на викендот, откако не успеаја неговите напори да формира коалиција без Партијата на слободата.

Нехамер планира да се повлече во петок.

Кабинетот на претседателот Александар Ван дер Белен објави дека на Шаленберг формално ќе му биде доверено „на чело на привремената влада“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск повторно се меша во европската политика, „на мета“ Британија

Тоа ќе биде втор пат како Шаленберг ја извршува функцијата премиер на Австрија.

Шаленберг беше канцелар помалку од два месеци на крајот на 2021 година, откако Себастијан Курц поднесе оставка и пред премиерството да му припадне на Нехамер, кој се врати во Министерството за надворешни работи.

Антимиграциската, евроскептичната и проруската Партија на слободата на Австрија победи на парламентарните избори во септември, но другите партии тогаш рекоа дека нема да соработуваат со неа при формирањето влада.

Лидерот на австриската крајна десница Херберт Кикл доби мандат да формира влада

Loading...

Партиски пресврт

Откако Нехамер ја објави својата оставка, неговата конзервативна Австриска народна партија направи остар пресврт од претходното одбивање дури и да размисли за соработка со Партијата на слободата и нејзиниот лидер Херберт Кикл.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија ги повторува претседателските избори на 4-ти и 18-ти мај

Кикл во понеделникот доби мандат да се обиде да ја формира првата крајнодесничарска влада по Втората светска војна. Тоа е процес кој може да потрае со недели или месеци и не гарантира дека ќе успее. Шаленберг рече дека нема да остане во владата на Килц.