Британија: Над половина милион стари луѓе нема да разговараат со никого на Божиќ

Сподели со своите пријатели

Околу еден милион постари луѓе во Велика Британија се чувствуваат поосамено за време на божиќните празници отколку во кое било друго време од годината, покажуваат најновите истражувања.

Loading...

Околу 590.000 луѓе постари од 65 години во Велика Британија на Божиќ нема никого да видат и да разговараат, а 1,4 милиони од нив ќе вечераат сами – без друштво, покажува истражувањето на хуманитарната организација „Age UK“, пренесува Sky News.

Организацијата вели дека осаменоста и социјалната изолација се проблем за постарите луѓе во Велика Британија во текот на целата година, но дека овие надежи особено тешко се паѓаат за време на празничниот период кога еден од десет постари луѓе е сам, како што е случај денес, 25 декември кога католиците го празнуваат Божиќ.

Според истражувањата, околу еден милион постари луѓе во овој период од годината се чувствуваат поизолирани отколку во кое било друго време во годината, пренесува Танјуг.

Поради оваа причина, Age UK организира стотици настани низ Велика Британија во декември, што според нив е можност за постарите луѓе да се сретнат со други луѓе во локалната заедница.

Една од облиците на помош која оваа хуманитарна организација им ја пружа на старите лица е телефонската линија „Сребрена линија“ која работи 365 дена во годината, пишува Sky News.