Хаити: Бандити пукаа во новинари за време на отворањето на болница во главниот град

Сподели со своите пријатели

Членови на вооружена банда во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, пукале денеска врз новинарите кои известувале за повторното отворање на најголемата болница во земјата, јавија локалните медиуми.

Loading...

Локалната радио станица Теле Метроном јави дека се ранети седум новинари и двајца полицајци.

Уличните банди моментално контролираат голем дел од Порт-о-Пренс.

Тие банди доведоа до затворање на општата болница претходно оваа година, во услови на насилство што го погоди и главниот аеродром и двата најголеми затвори на Хаити.

Властите ветија дека ќе ја отворат болницата денеска.

Меѓутоа, кога новинарите се собрале да го следат настанот, членовите на бандата отвориле оган врз нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж нападнал две лица со нож во метро станица во Њујорк

На видео објавено на интернет, во зградата се гледаат новинари, а неколкумина од нив лежат на подот.

Џонсон Изо Андре, водач на локална банда и дел од коалицијата на банди позната како Вив Ансанм, која ја презеде контролата врз поголемиот дел од Порт-о-Пренс, објави видео на социјалните мрежи во кое ја презема одговорноста за нападот.

Loading...

Во видеото се најавува дека коалицијата на тие банди не го одобрила повторното отворање на болницата.