Утре премиерна изведба на новогодишната претстава на Театар Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Дедо Мраз во веселата шума“ е новогодишната детска претстава која Театар Куманово утре премиерно ќе ја изведе за најмалата публика.

Loading...

Станува збор за претстава која Театар Куманово ја подготвува со сопствени средства и ќе биде играна повеќе денови.

 

 

Како што изјави актерката Владанка Крстевски, градот има потреба од детски театар со цел децата да се едуцираат и да одат во театар.

– Поттикнати од таа идеја, ансамблот на Театар Куманово секоја година создава една до две детски претстави. Оваа година се одлучивме да создадеме новогодишна претстава, со која не само што ќе ги израдуваме младите и ќе им ја потенцираме вербата во Дедо Мраз и во доброто, туку и ќе се потрудиме да ја донесеме  новогодишната магија во нашиот град, изјави актерката Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена, откако во неа удрила „тојота“

 

Loading...

 

Актерот Никица Јанковски ќе ја игра улогата на весело зајче во претставата кое се обидува да направи итрини и смешни ситуации.

– Заедно со моите колеги направивме една претстава во која децата ќе уживаат и ќе биде навистина весела и ќе го дочекаат кај нас Дедо Мраз, изјави актерот.

 

 

Улогата на Дедо Мраз годинава ќе му припадне на актерот Марко Трајковиќ, кој вели дека е задоволство да се прават претстави за деца.

Loading...

– Сите претстави до сега мислам дека веќе ни се распродадени и тоа покажува голема заинтересираност од страна на публиката. Мислам дека ќе се бара и претстава повеќе и ако можеме ќе го сториме тоа. Се надевам дека ќе уживаат во претставата во која ќе уживаат сите, изјави Трајковиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе дава субвенции за набавка на инвертер клими

 

 

Во улога на режисер на претставата ќе се најде Кети Дончевска Илиќ, која вели дека кумановската публика секогаш жедно очекува нова претстава.

– Навистина за кумановци, особено за малите, е посебно задоволство да се подготвува претстава за деца. Јас во оваа претстава ја имав улогата на режисер. Ние како колегиум одлично соработуваме и на крај можам да споделам огромно задоволство од процесот во кој ние уживавме, а верувам дека и публиката ќе ужива, изјави Дончевска Илиќ.

 

Loading...

 

Сашо Тодоровски, директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во чии рамки дејствува Театар Куманово, вели дека ова е последна претстава со која ќе се заокружи една успешна година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца кумановци во новиот Управен одбор на Сојузот на спортски федерации на Македонија

– Имавме шест премиерни изведби, четири од годишната програма на Министерството за култура. Оав е претстава која ја правиме со сопствени средства, како и детската претстава „Волшебникот од Оз“, со премиерата утре ова е завршна манифестација со детската новогодишна претстава, изјави Тодоровски.

 

 

Loading...

Претставата е во режија на Кети Дончевска Илиќ, а во неа играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ.

Никола Ивановски