Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународниот аеродром во американската сојузна држава Хаваи, објави Hawaii News Now.
Локалните власти соопштија дека авионот Цесна 208 удрил во празна владина зграда која била планирана за уривање.
Загинаа двете лица кои биле во авионот.
Иако официјалните лица се уште не го објавија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството потврдија дека една од жртвите е дипломиран студент Хирам ДеФрис, млад човек на 20-годишна возраст кој бил на обука.
Снимени се и последните зборови на пилотот, кој на контролната кула ѝ рекол дека изгубил контрола над леталото.
Контролорите на летот ги прашале пилотите дали свртуваат десно, на што пилотите потврдно одговориле со зборовите „ах, изгубивме контрола“.
„Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Имате слободна писта, секое место на кое можете да слетате“, рекоа од контролата, но потоа авионот удри во зградата.
View this post on Instagram