Паѓа последното упориште на Украинците во југозападниот дел на Донбас

Сподели со своите пријатели

Руската армија окупираше 90 отсто од територијата на градот Курахово, изјави за Спутник претседателот на комисијата на Руската јавна комора за прашања на суверенитет Владимир Рогов.

Loading...

Градот е опколен од повеќе страни и главниот дел од борбите се водат во индустриската зона во северозападниот дел на градот.

Курахово е град во западниот дел на ДНР, 46 километри од Доњецк и 30 километри јужно од Покровск.

Оперативно, тоа е многу важно бидејќи е најголемата населба во тој дел на Донбас кој се уште е под контрола на Украинците.

Руската армија почна да го расчистува теренот од украинските војници во селото Константинопољско на правецот Курахово во западниот дел на ДНР, додаде Рогов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како е убиен генералот на Путин, Игор Кирилов?

Тој, исто така, рече дека руските сили напредувале југозападно од Жељоновка кон патот што ја снабдува украинската војска во Курахово, а тие исто така се движеле по реката Мокри Јали и се приближиле до периферијата на селото Сторожево, недалеку од командната и логистичка станица на непријателот.