САД: Најмалку тројца убиени во пукање во училиште во Висконсин

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени кога 15-годишен ученик отворил оган во приватно христијанско училиште во Медисон, главниот град на американската сојузна држава Висконсин, соопшти денеска полицијата.

Во престрелката во понеделникот, освен напаѓачот, загинаа и наставник и ученик, а ранети се уште двајца ученици од тоа училиште, пренесува АП.

Престрелката избувнала во понеделникот нешто пред 11 часот по локално време во христијанското училиште „Бандант Лајф“, каде што полицијата пронашла неколку жртви со прострелни рани, објави Њујорк пост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коњак стар 113 години, мени на француски и 1.500 прибори за јадење: Кралски банкет во чест на Трамп