Грузискиот парламент утринава ја започна процедурата за избор на претседател на земјата од страна на избирачки колеџ составен од 300 пратеници, членови на врховните совети на автономните провинции Аџара и Абхазија и претставници на локалните администрации.
Владејачката партија Грузиски сон го предложи пратеникот Михаил Кавелашвили за единствен кандидат за шеф на државата.
Изборите ги спроведува Централната изборна комисија на Грузија.
Претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на почетокот на седницата детално им ја објасни на гласачите процедурата за избор на претседател, пренесува Интерфакс, пренесува Танјуг.
Полицијата од утрово е распоредена во парламентот, а на неколку стотини метри на плоштадот Слобода има полициски специјалци и водени топови, наведува агенцијата.
Учесниците на протестот, кој трае веќе 16 дена и кој уследи по одлуката на премиерот Иракли Кобахиџе да ги прекине преговорите за членство во ЕУ, се собраа во мали групи во близина на парламентот, а средбата засега се одвива мирно, соопшти агенцијата.