Во Полска утрово се подигнати ловци Ф-16 за да го заштитат воздушниот простор на земјата поради рускиот ракетен напад на територијата на Украина, соопшти полската армија.
Поради рускиот напад врз објекти лоцирани, меѓу другото, на запад од Украина, во согласност со важечките процедури, подигнати се дежурни парови ловци, а копнените воздушни одбранбени и радарски извидувачки системи достигнаа највисоко ниво на подготвеност, соопшти Оперативната команда на Полската армија објави на платформата X.
Утрово Русија изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.
Компанијата Укриненерго на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, зголемен е обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија.
Прогласена е воздушна тревога низ целата земја, а украинските воздухопловни сили издадоа предупредување дека Русија лансирала проектили за време на нападот, пренесува Укринформ.
Русија утрово лансираше голем број ракети и го подигна МиГ 31К од воздухопловната база Саваслејка во регионот Нижни Новгород, пишува украинскиот портал.