Италијанската мафија врти пари во туризмот: Ндрангета заработува над 1,6 милијарди евра годишно

Сподели со своите пријатели

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето спроведено од Институтот за истражување на јавното мислење Демоскопика.

Loading...

Прометот и профитот на мафијата ќе пораснат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.

Камора, која главно „оперира“ во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Леопард во Индија усмрти дете

Организациите или поседуваат удели во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни компании.