Кадиров: Одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во мирното решавање на конфликтот во Украина е на рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Доналд Трамп може да го запре финансирањето и испраќањето на платеници „кои се испратени да го убиваат рускиот народ“, но само Владимир Путин може да го направи одлучувачкиот чекор.

„Само нашиот претседател става крај. Се друго се празни муабети“, изјави Рамзан Кадиров, пренесува агенцијата ТАСС.

За време на предизборната кампања Трамп постојано повторуваше дека има намера да ја запре војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп Џуниор: Пожарникарската служба на Лос Анџелес донираше куп од своите залихи на Украина!

Да потсетиме, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека новото е што украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен за мир, додека Путин треба да биде подготвен и за тоа, бидејќи загуби.

„Зеленски сака мир. Тоа е ново. Не сме разговарале за деталите. Тој мисли дека е време, и (рускиот претседател Владимир) Путин треба да мисли дека е време и затоа што изгуби. Кога ќе изгубите 700.000 луѓе, тоа значи (дојде ) време затоа што нема да заврши додека не дојде до мир“, изјави Трамп за New York Post.