Вработеноста во САД во ноември подобро од очекуваното

Сподели со своите пријатели

Во Соединетите Американски Држави (САД) во ноември се отворени нето 227.000 нови работни места, што е значително повеќе отколку во октомври.

Loading...

Според ревидираните податоци, во октомври имало 36 илјади, пренесува SEEbiz.

Стапката на невработеност се зголеми за 0,1 процентен поен на 4,2 отсто, објави американското Министерство за труд.

Така, бројот на нови работни места се опорави од падот во октомври предизвикан од ураганите и штрајковите.

Повеќето работници кои останаа без работа во октомври поради ураганите Хелена и Милтон и штрајкови во компании како Боинг се очекува да се вратат на работа во ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџерка загина во напад на ајкула