Францускиот премиер Мишел Барние денеска во 10 часот ќе поднесе оставка на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вечерва ќе и се обрати на јавноста, пишува дневниот весник Монд.
Loading...
Пратениците од екстремната левица и екстремната десница вчера се обединија во собранието за да и изгласаат недоверба на Владата.
Тоа е прв пад на француска влада од 1962 година.
За иницијативата гласаа 331 пратеник. Потребниот минимум беше 288.
Макрон, кој итно се врати од посетата на Саудиска Арабија, ќе и се обрати на јавноста во 20:00 часот.