Тротинети, обувки, облека, алат… Што се е запленето на Табановце изминатата недела?

Сподели со своите пријатели

Од тротинети, преку обувки, облека, алати, миксета, фиберскопи, биле запленети од цариниците изминатата недела на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат денеска од Царинската управа на Македонија, во еден од случаите било спречено криумчарење на фиберскопи за индустриски цели.

– Македонски патник враќајќи се од Дортмунд се обидел преку граничен премин Табановце во автобусот со кој патувал да криумчари разна стока, меѓу коишто и 21 фиберскоп за индустриски цели. Во намерата е спречен од царинските службеници на граничниот премин кои при контрола на автобусот, во торбата во сопственост на патникот, ги пронајдоа непријавените производи. Покрај фиберскопите се пронајдени и обувки, како и радио апарати за автомобил, велат од Царинската управа

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец претепан во угостителски објект

Миксета, Allen & Heath, вредна 153.000 денари исто така била запленета при контрола на  автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Табановце.

 

 

Во друг случај мобилен тим на Царинската управа спречил обид за шверц на разна стока, меѓу којашто облека, обувки, тротинети и електричен алат.

Loading...

– Непријавената стока е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Возачот стоката ја скрил под горниот и под долниот кревет во кабината на камионот, велат од ЦУ.

Меѓу запленетата стока се и 80 пакувања ленти за дихтување, откриени од страна на мобилен тим при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на релација Швајцарија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Младите лидери дел од менторски форум во Општина Куманово

Во меѓувреме на царинските испостави во Куманово и Скопје биле запленети речиси 3.000 играчки, школски прибори и 50 блутут слушалки со ознаки на заштитени трговски марки.

 

 

– Делата се откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 3 и царинска испостава Куманово. Во моментов за запленетите производи се поведени постапки за утврдување на оригиналност, велат од ЦУ.

Сите запленети производи се одземени од Царинската управа, а против возачите се покренати соодветни постапки.

Loading...

Никола Ивановски