„Дедо Мраз во веселата шума“ – новогодишна претстава на Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

„Дедо Мраз во веселата шума“ е новогодишната детска претстава со која Театар Куманово ќе се обиде да ја анимира најмалата публика.

Loading...

Станува збор за претстава која Театар Куманово ја подготвува со сопствени средства и се пленира да биде играна повеќе денови.

 

 

– Премиера на претставата се очекува да биде на 19 или 20 декември по што ќе се игра секојдневно во зависно од интересот на публиката. Пробите се веќе во тек и се надеваме дека како и секоја година ќе имаме значителен интерес кога се во прашање предновогодишните детски претстави, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Очигледно се работи за добро организирана група, вели Тошковски за инцидентите во Куманово

 

Loading...

 

Претставата е во режија на Кети Дончевска Илиќ, а во неа играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ.

 

 

Драматург е Зоран Зафировски, сценографијата на Крсто Богојевски, а костимограф на претставата е Дарко Илиевски.

Во реализацијата на оваа претстава, која воедно е и последна за годинава, ќе учествува целиот тим на Театар Куманово.

Никола Ивановски

Loading...