Во Нова Каледонија полицискиот час укинат по шест месеци

Сподели со своите пријатели

Француската прекуморска територија Нова Каледонија го укина полицискиот час откако беше воведен поради немирите во мај, објавија денеска француските медиуми.

Loading...

Француското државно претставништво за таа територија, Високиот комесаријат во Нумеа, објави дека одлуката е донесена за подобрување на безбедносната состојба, пишува весникот „Фигаро“.

Полицискиот час беше во сила од 14 мај и беше воведен поради масовните немири во Нова Каледонија, француска прекуморска територија во јужниот дел на Пацификот, потсетува весникот.

„И покрај инцидентите кои сè уште се случуваат во чувствителните области на територијата, повторно е воспоставен јавниот ред и нормализација на животот“, се наведува во соопштението на Комисијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драматично зголемување на бројот на заболени од мали сипаници во Германија

Полицискиот час важеше од 18:00 до 06:00 часот, а постепено беше релаксиран до неодамна важеше од полноќ до 5:00 часот.

Укината е и забраната за носење оружје без валидна причина, иако се уште важат ограничувањата за продажба на муниција, а јавните собири се уште се забранети.

Немирите беа предизвикани од гласањето за изборните реформи во националното собрание, кое беше критикувано од поборниците на движењето за независност на Нова Каледонија.

Во немирите на овој архипелаг загинаа 13 лица, меѓу кои двајца полицајци, а стотици луѓе беа повредени, а илјадници беа уапсени.

Loading...

Премиерот Мишел Барние го укина законот, што предизвика немири кога тој ја презеде функцијата во септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалдемократите освоија најмногу гласови на парламентарните избори во Романија