Деловен објект и три возила запалени во Куманово, дел од нив на функционери на ДУИ

Сподели со своите пријатели

Деловен објект и три автомобили биле запалени рано утринава на повеќе локации во Куманово, а дел од нив неофицијално се на функционери на ДУИ.

Loading...

Во запалениот деловен објект, се наоѓала фотокопирница на советникот во Советот на Општина Куманово од ДУИ, Фитор Јакупи, а тој сам објави на социјалните мрежи.

– Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3:05 часот од црна рака (на непознати лица) мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена, напиша Јакупи во својата објава.

 

 

Информацијата ја потврдија и од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АА: Куманово повторно е избрано за арена за опасни сценарија

– На 02.12.2024 во 03.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово, велат оттаму.

Loading...

Во скоро ист временски период биле запалени и три патнички возила на подрачјето на Куманово, а според пишувања на дел од медиумите, едниот од нив бил на јавниот обвинител Џелал Бајрами.

– Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш., информираат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Што носат првите декемвриски денови?

 

 

Пожарите, како што додаваат оттаму, биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител.

– Се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението на полицијата.

Loading...

Никола Ивановски