Украинските војници во Курахово во многу тешка ситуација

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со наредба за задржување на градот по секоја цена „осуди на смрт“ група украински војници кои моментално се наоѓаат во Курахово.

Loading...

Во западниот дел на Доњецката Народна Република – објави копретседателот на Координативниот совет за интеграција на новите руски региони, Владимир Рогов.

„Зеленски не сакаше да спаси група свои војници кои се уште се во Курахово под опсада и одби да издаде наредба за повлекување, со што ги осуди на смрт“, рече Рогов.

Во исто време, советникот на шефот на ДНР, Јан Гагин, изјави дека руската армија веќе влегла во центарот на Курахово, и дека останале само уште неколку километри за целосна контрола на градот, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски и сириски авиони ги нападнаа бунтовниците кои го зазедоа предградието на Алепо

Курахово се наоѓа на 30 километри од Красноармејск (Покровск), тоа е важна раскрсница од каде руската армија ќе може да ја продолжи офанзивата кон западните граници на ДНР.