Мицкоски: Предупредував дека ќе има обиди за креирање на етнички тензии

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за коментар во врска со случувањата вчера, со сквернавењето на знамето изјави дека најостро го осудува и дека претставува чин на агресија.

Loading...

„Најостро го осудувам тоа. Сепак, претставува чин на агресија, нешто за коешто ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање на етнички тензии, дека ќе има, и ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде. Очекувајте дека ќе има и во иднина, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како правдата ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал, е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инцидентите. Честитам на навремената, трезвена државничка реакција на Министерството за внатрешните внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, СВР-Скопје, припадниците на Министерството за внатрешни работи, коишто не дозволија ескалирање, но истовремено реагираа во насока на приведување на лица, којшто како што вие рековте го сквернавија македонското државно знаме и тие се веќе приведени. Во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија. Од она коешто го имам како информација, мислам дека го соопшти министерот за внатрешни работи, тие ќе бидат обвинети според членот 319 од Кривичниот законик, каде што запретана затворска казна е од минимум една, максимум пет години, за предизвикување на расна и така натаму, национална нетрпеливост и загрозување на државните симболи и навреда на достоинството на граѓаните и државата и така натаму. Тоа е малце подолг член“, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува до половина метар снег на планините за викенд

Премиерот Мицкоски порача дека секој оној којшто ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.

„Јас апелирам до македонските граѓани на трезвеност. Апелирам да не дозволиме, овие инциденти да предизвикаат негативни чувства, бидејќи ова е една мала изолирана манипулирана група од оние коишто ги штитат своите милиони, а до тие којшто се потенцијални жртви на овие политички криминалци и насилници сакам да ги предупредам дека нема да има милост кон никого. Секој оној којшто ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара. И ако мислат дека се недопирливи и ако мислат дека ова што го зборуваме не е вистина, мислам дека силно ќе се разочараат и ќе бидат сведоци уште во првиот обид за овие којшто во текот на вчерашниот ден беа приведени, но и оние кои што во текот на денот и деновите коишто следат, а којшто постојат докази за сторено кривично дело или прекршочно дело, ќе бидат исто така приведени, извадени пред истражен судија“, дециден е премиерот Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Да уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала и вложувала во тебе е злосторство

„Ќе повторам, апелирам до македонските граѓани без разлика на етничката припадност да не дозволиме овие криминални групи со којшто сѐ уште се длабоко во своето политичко мочуриште, а беа седум години власт, да не дозволиме да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина Македонија, а ние како Влада гарантираме безбедност трезвена акција на Министерството за внатрешни работи како што беше вчера и државничко однесување. За ова беа предупредени дека токму ќе се случува на вчера, бидејќи ги имавме информациите, и нашите стратешки партнери и припадниците на меѓународната заедница. Исто така уште утрово, заедно со министерот за надворешни работи и трговија ги информиравме за случувањата, доказите, нашите стратешки партнери во земјата, но и надвор, за тоа што се случуваше со какви информации располагаме и што е она коешто очекуваме во периодот што следи да се случува. Но бидете сигурни дека македонската Влада ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во држава“, подвлече премиерот Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги осуди инцидентите од прославата на Денот на албанското знаме

Во однос на прашањето дека има докази и индиции, дека политички партии стојат во иницирањето на овие инциденти и тие се главните мотиватори на овие групи како што рековте дека се предизвикуваат вакви инциденти, премиерот објасни:

„Сите докази со коишто располагаме и располагавме се доставени до нашите партнери, но истовремено ќе бидат и докази во судските постапки и во периодот коишто следи. Мислам дека нема да остане само на овие осум приведените лица“, и додаде:

„Многу бев прецизен во мојата изјава и ги повикав сите граѓани без разлика на етничката припадност Македонци, Албанци, буквално сите во овој момент ни треба трезвеност и мир, а секој којшто го прекршил законот и Уставот ќе одговара“.

Loading...