Шпанија воведува четиридневно платено „климатско отсуство“ по поплавите

Сподели со своите пријатели

Шпанската левичарска влада одобри платено „климатско отсуство“ до четири дена за да им овозможи на работниците да избегнуваат патувања за време на екстремни временски услови, еден месец откако поплавите во земјата загинаа најмалку 224 луѓе, објави денеска „Гардијан“.

Loading...

Владата најави дека вработените можат да посегнат по опцијата за намален работен ден по четиридневниот одмор, механизам кој веќе постои во вонредни ситуации.

Неколку компании се најдоа на удар на јавноста по катастрофалните поплави што го погодија регионот на Валенсија на 29 октомври, бидејќи им наредиле на вработените да продолжат со работа и покрај црвеното предупредување издадено од националната метеоролошка служба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грузија: Уапсени 43 лица за време на протестите во Тбилиси, повредени 32 полицајци

Компаниите соопштија дека властите не ги информирале доволно и дека предоцна испратиле телефонски предупредувања за време на најсмртоносните поплави во оваа европска земја во последните децении, пренесува Танјуг.

Шпанската министерка за труд Јоланда Диаз изјави за јавниот сервис РТВЕ дека новата мерка има за цел „да ја регулира работата во согласност со климатските вонредни состојби“, така што „ниту еден работник не смее да ризикува“.

Ако службите за итни случаи алармираат за ризикот, „работникот мора да се воздржи да оди на работа“, рече Дијаз.