Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов денеска пристигна во посета на Северна Кореја, соопшти руската армија.
На аеродромот во Пјонгјанг, Белоус беше пречекан од севернокорејскиот министер за одбрана, генерал Нох Кванг Чол, со оркестар и воени почести.
Белоусов за време на посетата ќе се сретне со „воени и воено-политички претставници“, се наведува во соопштението на руската армија.
Во јуни Русија и Северна Кореја потпишаа договор за одбрана, кој неодамна беше ратификуван.
И двете земји се под меѓународни санкции, Пјонгјанг поради развојот на нуклеарниот арсенал, а Москва поради офанзивата во Украина.
Сеул и Вашингтон ја обвинија Северна Кореја дека испраќа војници во Русија за да се борат против украинските сили на страната на руската војска.
Некои јужнокорејски функционери тврдат дека Москва за возврат му обезбедува гориво, противвоздушни ракети и економска помош на Пјонгјанг.