Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Како што информирааат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има на улицата „11 Октомври“, крстосница со улица која се вклучува од автопат Е-75 (позади БС на Макпетрол). Таму денеска ќе се врши затрпување на ров со побивање, од претходно изведен ископ за поправка на дефект на водоводна мрежа.
Дефекти има на улиците „Х.Т.Карпош“, како и улицата „Студена вода“ во населбата Вера Которка.
Порадиизместување на водомерна шахта, прекини ќе има на улицата „Народна револуција“ бр. 24.
Кај месноста „Поток серава“ прекини ќе има поради прецизно трасирање и лоцирање на дефект на водоводна мрежа.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се очекува наскоро нормализирање на водоснабдувањето.
Никола Ивановски