Како да се справите засекогаш со гладот за слатки?

Сподели со своите пријатели

Знаете ли дека може да се навлечете на слаткото? Тоа е затоа што доста храна содржи “скриени” шеќери и хемикалии кои ослободуваат допамин (невротрансмитер во мозокот кој е одговорен за зависностите кон супстанциите регулирањето на однесувањето, мотивацијата, когнитивните способности и некои ментални нарушувања), што води до зависност.

Loading...

Преземањето на повеќе шеќер може да предизвика воспаление, хормонален дисбаланс, кардиоваскуларни болести, дијабетес и се разбира дебелина. Како тогаш да се справите со гладот ​​за слатко / шеќер?

Селективни јаглехидрати

Јаглехидратите не ви се непријател, како што тврдат доста нутриционистите. Постојат едноставни и сложени јаглехидрати и вие треба да се обложувате на првите. Тие содржат влакна кои ги заситуваат и подобруваат перисталтиката и варењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25 видови храна кои содржат малку над нула калории

Избегнувајте храна како леб од рафинирано бело брашно, жито, бисквити, гевреци. Заменете ги со здравствени јаглехидрати како сладок компир, репка, морков и некои видови ориз.

Ако јадете здрави масти, квалитетни протеини и свеж зеленчук, апетитот за рафинирани јаглехидрати ќе исчезне.

Направете кратко гладување (меѓу 16 и 48 часа)

Докажано е дека краткотрајниoт глад помага за намалување на апетитот, подобрување на нивото на холестерол со намалување на LDL (лошиот холестерол) и триглицеридите во крвта.

Тоа исто така ја поттикнува клеточната отпорност и помага отстранувањето на наталожениот отпад од телото.

Овошје или овошен сок

Целите плодови содржат корисни антиоксиданси. Кога сепак од нив ќе се повлече само сокот, вие му давате на телото само фруктоза т.е. овошен шеќер.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нозете ви се постојано студени? Можеби причината е во ова!

Јадете ги плодовите цели и фокусирајте се на јагоди, цреши, грејпфрут, кои содржат многу вода и помалку шеќер од јаболката, бананите, лубеницата.

Пробиотици

Не само што го подобруваат варењето и имунитетот, но и ги спречуваат нападите на глад.

Црна чоколада

Амин! Не секое слатко е штетно и забрането! Темното чоколадо е многу корисно за срцето и содржи важни антиоксиданти. Се разбира, со него не треба да се претерува. Доволни се 2-3 блокови за да го задоволите гладот ​ за слатко.