Цукерберг се сретна со Трамп на неговиот имот во Мар-а-Лаго

Сподели со своите пријатели

Главниот извршен директор на Мета, Марк Закерберг, вчера се сретнал со новоизбраниот претседател Доналд Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида, објавија американските медиуми.

Loading...

Цукерберг е благодарен за поканата на Трамп на вечера и „можноста да се сретне и разговара со членовите на неговиот тим за новата администрација“, се вели во соопштението на Мета, кое го пренесоа различни американски медиуми.

Советникот на Трамп Стивен Милер изјави за Фокс њуз дека Цукерберг го поддржал Трамп за време на состанокот.

„Марк очигледно има свои интереси, своја компанија и своја агенда“, рече Милер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Неодговорни изјави за ескалација од оние кои не ни помирисале барут

„Но, тој јасно стави до знаење дека сака да ја поддржи националната обнова на Америка под водство на претседателот Трамп“, додаде тој.

Трамп блокиран на Фејсбук

Фејсбук го суспендираше профилот на Трамп непосредно пред крајот на неговиот прв мандат, откако неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

Сепак, надзорниот одбор на Мета на крајот заклучи дека суспензијата на неопределено време не е опфатена со правилата на платформата.

На почетокот на 2023 година беа обновени неговите профили на Фејсбук и Инстаграм, двете социјални мрежи во сопственост на Мета.

Loading...

Американските медиуми средбата меѓу Закерберг и Трамп во средата ја протолкуваа како вежба за воспоставување пријателски односи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот „Орешник“ до седиштето на НАТО може да долета за 17 минути: Ракета моќна како 45 Хирошими

Финансискиот сервис Блумберг го проценува Закерберг како втор најбогат човек во светот, веднаш зад Илон Маск, сопственикот на платформата Х, кој треба да му помогне на Трамп да ги намали владините трошоци за време на неговиот втор мандат.