Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави дополнителна помош од 2,3 милијарди евра за рехабилитација во регионот на Валенсија, каде минатиот месец беа забележани најсмртоносните поројни поплави во модерната историја на Шпанија.
Loading...
Шпанската влада претходно објави пакет помош во вредност од 14,36 милијарди евра за домаќинствата и бизнисите кои претрпеа штети поради поплавите, пренесува Ројтерс.
Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, по што следеа големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија, каде загинаа повеќе од 220 лица, а пет лица се уште се водат како исчезнати, пренесува Танјуг.