Претседателот на Европскиот совет организира вечера за лидерите на Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, во вторник, на 3 декември, на самиот почеток на својот мандат ќе приреди работна вечера за лидерите на Западен Балкан.

Loading...

Две и полгодишниот мандат на Коста на чело на Европскиот совет официјално ќе започне на 1 декември, истиот ден кога се очекува да стапи на функција новата Европска комисија, доколку биде одобрена од Европскиот парламент.

Нов комесар за проширување треба да биде Марта Кос од Словенија, а висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика би требало да биде поранешната естонска премиерка Каја Калас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕП ја изгласа новата Европска комисија

На 18 декември во Брисел ќе се одржи самитот ЕУ – Западен Балкан, а потоа на 19 и 20 декември ќе се одржи состанок на Европскиот совет со кој првпат ќе претседава Кошта.

На крајот на јуни, лидерите на ЕУ го избраа поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет.

Во петок, на 29 ноември, во Брисел ќе се одржи церемонија на примопредавање, при што Кошта ќе ја преземе функцијата од досегашниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел.