Борел: Прекинот на огнот во Либан е олеснување за разорната ситуација на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека „договорот за прекин на огнот во Либан е олеснување за разорната ситуација на Блискиот Исток“.

Loading...

„Сакам да ги пофалам Франција и САД за нивното посредување. Сега е клучно примирјето да се одржи за да се гарантира безбедноста на граѓаните на Либан и Израел, како и враќање на внатрешно раселените лица“, рече Борељ во објавата на платформата Х.

Тој нагласи дека е неопходно „целосно спроведување на Резолуцијата 1701“.

„Исто така го повторувам мојот повик до либанските лидери да ја преземат својата политичка одговорност со избирање претседател. Либанците имаат право да го вратат целосниот суверенитет во работите на земјата, без надворешно мешање“, рече Борељ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелските војници ги исмеваат христијанските традиции во црква во Либан (ВИДЕО)