Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови

Сподели со своите пријатели

Британската влада денеска воведе санкции против уште 30 бродови од таканаречената „фантомска флота“ што ѝ дозволува на Русија да ги извезува своите нафта и гас со заобиколување на западните ограничувања наметнати од почетокот на руската инвазија на Украина.

Loading...

„Утрово го објавив најголемиот пакет санкции против руската фантомска флота. Ова зборува за ангажманот на Велика Британија во однос на Украина“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами на средбата со своите колеги од Г7, што се одржува во Италија, пренесува Бета.

Британските санкции сега важат за вкупно 73 бродови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од овој месец здравствените работници добиваат 10% повисока плата