Литванија: Aвион удри во станбена зграда и експлодираше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Безбедносните камери го снимија моментот кога товарен авион на DHL удри во станбена зона во Вилнус, Литванија, недалеку од аеродромот.

Loading...

Несреќата се случила утрово во 5 часот и 30 минути по локално време, на неколку километри од пистата.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот се подготвува за слетување, а полека ја губи висината.

Меѓутоа, во еден момент дошло до силна експлозија, а блесок го осветли ноќното небо.

Според очевидци, авионот се лизнал неколку стотици метри пред да удри во станбена зграда.

Еден член на екипажот починал, додека останатите тројца членови на екипажот биле извлечени со повреди и пренесени во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали забраната за социјални мрежи во Австралија за под 16 години е добра одлука?

 

Loading...

 

Жителите на зградата се евакуирани

Официјалните лица потврдија дека сите 12 лица кои биле во зградата во моментот на ударот се извлечени на безбедно и дека никој од нив не е повреден.

Истрага за причините за несреќата

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата е во тек.

Според првите информации, нема индиции дека имало експлозија во леталото пред ударот.

Се претпоставува дека технички дефект или човечка грешка се можни причини за падот, но не е исклучена можноста за терористички напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата: За војните се виновни лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје

„Еден од членовите на екипажот е пронајден без знаци на живот“, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Државниот кризен центар.

Тој нагласи дека е рано да се носат какви било заклучоци додека не заврши истрагата.

Loading...

 

 

Бројни теории во оптек

Локалните медиуми јавуваат дека постојат неколку верзии за причината за несреќата.

„Терористички напад е само една од можностите што ќе ги разгледаме“, рече експертот за авијација Томас Паулаускас, додавајќи дека собирањето докази може да потрае неколку дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Социјалните мрежи ќе мора да ги уништат личните податоци на помладите корисници

Оваа трагедија ја потресе литванската јавност, додека надлежните органи се фокусираат на утврдување на сите околности за да се спречат слични несреќи во иднина.