Претседателот на Абхазија поднесе оставка: Се спогоди со опозицијата која со денови протестира

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Абхазија, Аслан Бжанија, потпишал писмо за оставка по преговорите со опозицијата, кои се одржаа ноќта на 19 ноември во зградата на Министерството за одбрана на Републиката, објави неговата прес-служба на каналот Телеграм.

Loading...

„За да се одржи стабилноста и уставниот поредок во земјата, поднесувам оставка од функцијата претседател на Република Абхазија“, рече Бжанија во изјавата упатена до претседателот на Парламентот, Лаша Асуба.

Пратениците на Националното собрание на Абхазија денеска треба да го разгледаат прашањето за оставката на Бжанија, додека зградата на парламентот се уште е окупирана од поддржувачи на опозицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тбилиси, најмалку десет лица уапсени

Според објавениот текст на договорот меѓу власта и опозицијата, демонстрантите мора да ги напуштат владините згради што ги зазедоа на 15 ноември во центарот на Сухуми и да се разотидат.

Во спротивно Бжанија ќе ја повлече оставката.

Потпретседателот Бадра Гунба беше назначен за вршител на должноста претседател на Абхазија.

Од функцијата заминува и премиерот на Републиката Александар Анкваб.

Валери Бганба, кој претходно ја извршуваше оваа функција, станува вршител на должноста премиер, пишува The Moscow Times.

Loading...

Пред една недела во Абхазија избувнаа масовни протести поради инвестицискиот договор со Русија за кој опозицијата рече дека ќе обезбеди даночни ослободувања за „странските олигарси“ и може да доведе до експлоатација на одморалиштата во републиката од големи странски компании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тбилиси, најмалку десет лица уапсени

Парламентот на Абхазија требаше да го ратификува договорот на 15 ноември, но поддржувачите на опозицијата упаднаа во владиниот комплекс во Сухуми, ја презедоа контролата над него и побараа оставка од Бжанија.

Потоа, како што објавија медиумите, претседателот го напуштил главниот град, а подоцна изразил подготвеност да ја напушти функцијата.

Истовремено, тој најави учество на претседателските избори во 2025 година.

Абхазија инаку е отцепен проруски регион во Груција, чија независност не ја признава никој, освен официјална Москва.