Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тбилиси, најмалку десет лица уапсени

Сподели со своите пријатели

На авенијата Меликишвили во Тбилиси утрово почнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите кои не ги признаваат резултатите од парламентарните избори.

Loading...

Полицијата се обидува да ги потисне демонстрантите и употребува солзавец, пренесува порталот civil.ge.

Соопштено е дека се уапсени околу десет лица.

Централната изборна комисија (ЦИК) во Грузија во саботата ги објави конечните резултати од парламентарните избори, според кои владејачката партија Грузиски сон победи со 53,93 отсто од гласовите и освои 89 од 150 мандати во Собранието.

Покрај Грузискиот сон, прагот од пет проценти го поминаа четири опозициски партии.

Опозицијата во Грузија го негира легитимитетот на изборите, најавувајќи континуирани протести до распишување нови избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бездомник обвинет за убиство на три лица во центарот на Њујорк

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили ги отфрли изборните резултати и побара итна истрага за изборниот фалсификат.