Главниот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, во понеделникот потврди дека ќе им предложи на земјите-членки на блокот Унијата да го прекине политичкиот дијалог со Израел, наведувајќи ги како причина акциите на Тел Авив во војната во Газа.
„Многу луѓе се обидоа да ја запрат војната во Газа, тоа не се случи досега, и не гледам надеж дека тоа ќе се случи. Затоа, ќе мораме да извршиме притисок врз израелската влада и, очигледно, врз страната на Хамас“, изјави Јосеп Борел на новинарите пред состанокот на ниво на ЕУ, пренесува Хина.
Да се одржи дијалогот со Израел
Шефот за надворешна политика на Европа минатата недела предложи блокот да го прекине политичкиот дијалог со Израел, наведувајќи ги можните прекршувања на човековите права во војната во Газа, според четворица дипломати и писмо што го видел Ројтерс.
Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп рече дека ЕУ треба да го задржи својот дијалог со Израел, сугерирајќи дека не сите членки на ЕУ ќе го поздрават предлогот на Борел.
„Што се однесува до Холандија, оваа врата треба да остане отворена“, рече тој.