Кумановец измамен за 200.000 денари, земал брз кредит за биткоин

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец бил бил измамен за сума од 200.000 денари, пари кои му биле ветени за криптовалутата биткоин.

Loading...

– На 14.11.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 45 – годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пред 81 година Британците се приклучиле кон Кумановскиот партизански одред

– Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините, велат од СВР Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски