Патрола на Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ) утрово откри складиште со муниција покрај патот во близина на градот Калави.
Loading...
По информирањето на либанските вооружени сили, мировниците ја продолжија својата рута, соопшти УНИФИЛ.
Но, недолго потоа, кога излегле од возилото за да го отстранат отпадот од коловозот, непознати лица испукале околу 30 куршуми во нивен правец.
Мировниците возвратиле со оган и се повлекле на безбедно.
Во инцидентот нема повредени, а возилата не се оштетени.
Истрагата е во тек, а не е јасно дали нападот е поврзан со откривањето на складиштето за муниција.
УНИФИЛ ги потсети либанските власти дека нападот врз нив е кршење на меѓународното право и резолуцијата 1701, пренесува Танјуг.