Драма на летот за Франкфурт: Единаесет патници повредени во турбуленции

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица се повредени откако авион на Луфтханза беше погоден од силни турбуленции на пат од Аргентина кон Германија.

Боингот 747-8 патувал од Буенос Аирес за Франкфурт кога во понеделникот наишол на краток период на силни турбуленции над Атлантикот, објави SkyNews.

Во несреќата полесно се повредени пет патници и шест членови на екипажот.

Тие добиле помош веднаш откако авионот безбедно слетал на аеродромот во Франкфурт во 9.53 часот (GMT) во вторникот, соопшти компанијата.

Луфтханза соопшти дека турбуленциите биле „кратки“ и се случиле во „интертропската зона на конвергенција“, која е појас на низок притисок околу Земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Навроцки во посета на Париз и Берлин по упадот на руски дронови

Во авионот имало 329 патници и 19 членови на екипажот, а специјалниот тим за помош на Луфтханза им пружал поддршка на погодените патници.