Досега во руските напади врз Украина загинаа 589 деца, а 1.681 се ранети

Сподели со своите пријатели

Мајка и нејзините три деца загинаа во руски ракетен напад врз Криви Рих доцна синоќа, објави денеска гувернерот на тој град во централна Украина, Олександар Вилкул, а украинската агенција Укринформ објави збирни податоци за жртвите на децата од почеток на руската агресија против Украина.

Loading...

Телата на четири жртви биле извлечени од урнатините од спасувачки тим откако балистичка ракета погодила петкатница во тој град, јавува Радио Слободна Европа.

Во исто време, украинската агенција Укринформ денеска објави дека во руските напади досега загинале повеќе од 2.270 луѓе – 589 се убиени, а најмалку 1.681 дете се ранети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН и папата Франциско повикаа на прекин на производството и употребата на нагазни мини

„Повеќе од 2.270 деца се погодени од руската воена агресија во Украина. До утрото на 12 ноември 2024 година, според официјалните податоци на обвинителот за малолетници, загинале 590, а повеќе од 1.681 се повредени од различен степен“, се вели во извештајот на Канцеларијата на главниот обвинител објавен на Телеграм, до кој агенцијата Укринформ имала пристап.