Неколку лица завршиле во Ургентниот центар во Куманвоо по вдишување на чад од пожар во кој утринава изгореле две куќи.
Loading...
– На 08.11.2024 во 07.13 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „30 Јули“ во Куманово настанал пожар во две куќи, сопственост на Д.А.(44) и Г.Д.(60), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а како што додаваат од полицијата, неколку лица биле пренесени во Ургентен центар Куманово поради вдишување на чад.
Увид ќе се врши во текот на денот.
Никола Ивановски