Русија со дронови ја нападна Одеса, едно лице загина, девет се повредени

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а девет се повредени во руските напади врз областа Одеса што беа извршени во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Loading...

Како што е прецизирано, руските сили го извршиле нападот со нападни беспилотни летала.

Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека се оштетени станбени згради, од кои две се запалиле, пренесува Укринформ.

Во извештајот се наведува дека пожарникарите гаснат пожари во магацини и автомобили во просториите на една компанија.

Освен тоа, оштетени се и просториите на образовната установа.

Екипите за деактивирање бомби извршија увид во областа за експлозив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го бомбардираше Харков, повредени најмалку 25 лица