Невремето со дожд ја напушти во понеделникот шпанската провинција Валенсија и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.
Вкупно 7.500 војници ќе бидат распоредени во следните неколку часа во Валенсија за да може по една недела хаос и невидено невреме да започне санирањето на сите штети.
Во Шпанија најмалку 215 луѓе ги загубија животите во невремето, а повеќето од нив, 211, загинаа во Валенсија.
До вторник наутро речиси целата струја беше вратена во погодените подрачја, но се уште се во сила различните забрани за движење до завршување на санацијата.
Инаку, невремето во понеделникот ја напушти шпанската провинција Валенсија и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.
Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“, каде што продолжува потрагата по исчезнатите.
На социјалните мрежи кружат бројни снимки од хаосот во Шпанија, а некој успеал да ги сними моментите кога врнежите од неверојатни размери се упатуваат кон Кастелдефелс, недалеку од Барселона.
Имено, тајм-лапс видео кое кружи на Х покажува како изгледа кога на земја ќе паднат дури 150 литри дожд за само три часа.
Вчера наутро на аеродромот Ел Прат во Барселона за само еден час наврнале 81 литар дожд на метар квадратен, поради што 15 авиони биле пренасочени на други аеродроми.
Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен центар за следење на ефектите од невремето врз тамошниот авиосообраќај.
Incroyable!#Espagne! Courage!!
Time-lapse (en accéléré) montrant littéralement le ciel tomber sur Castelldefels (près de Barcelone), avec des cumuls d’eau dépassant les 150 litres/m2 en 3 heures. pic.twitter.com/h8f1j9SNWW— Christelle (@AixeMatrice) November 4, 2024