Зошто треба почесто да јадете мандарини?

Сподели со своите пријатели

Мандарини се одличен извор на растителни влакна, а тоа го потврдува и фактот дека со нивното консумирање можете да им помогнете на цревата да го спречат запекот и да го олеснат варењето.

Loading...

Како и секое цитрусно овошје, мандарините имаат изобилство на витамин Ц.

Имаат и умерено количество на витамин А, 100 грама мандарини ви обезбедуваат приближно 14 проценти од дневниот препорачан внес на овој витамин, пренесува Вечерњи лист.

Присуството на овој витамин може да има благотворно влијание и на вашата кожа.

Витаминот Ц игра важна улога во производството на колаген во вашето тело, а токму овој витамин и помага на нашата кожа да изгледа младешки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најлошите и најнездрави намирници во светот? Избегнувајте ги!

Освен со овој витамин, мандарините можат да се пофалат дека содржат помали количини на тиамин, витамин Б6, бакар, калиум и витамин Б5.

Друга придобивка од високата содржина на витамин Ц во мандарина е нејзината поддршка за здравјето на очите со одложување на почетокот на катаракта и макуларна дегенерација поврзана со возраста.

Постојат докази дека витаминот Ц и другите хранливи антиоксиданси можат да им помогнат на вашите очи да останат здрави подолго.

Loading...

Петгодишното истражување на повеќе од 500.000 возрасни лица покажа дека консумирањето најмалку половина чаша свежо овошје еднаш дневно може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

Учесниците кои јаделе овошје дневно имале приближно 33 отсто помали шанси да умрат од срцев или мозочен удар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најлошите и најнездрави намирници во светот? Избегнувајте ги!

Мандарините се одличен избор за секојдневно консумирање овошје.